EKC52500O
................................................ .............................................
MK ШПОРЕТ
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ
2
RU КУХОННАЯ ПЛИТА
ИНСТРУКЦИЯ ПО
ЭКСПЛУАТАЦИИ
24
48 страниц подробных инструкций и пользовательских руководств по эксплуатации на русском
Плиты Electrolux Чат поддержки
EKC52500O
................................................ .............................................
MK ШПОРЕТ
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ
2
RU КУХОННАЯ ПЛИТА
ИНСТРУКЦИЯ ПО
ЭКСПЛУАТАЦИИ
24

Страница 2 Чат поддержки
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
4. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
5. ГРЕЈНА ПЛОЧА - СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
6. ГРЕЈНА ПЛОЧА - КОРИСНИ ПРЕДЛОЗИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
7. ГРЕЈНА ПЛОЧА - ГРИЖА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
8. РЕРНА - СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
9. РЕРНА - КОРИСНИ ПРЕДЛОЗИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
10. РЕРНА - ГРИЖА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 18
11. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
12. МОНТАЖА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
13. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 23
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте Electrolux апарат. Одбравте производ со долгогодишно професионално
искуство и иновативност. Револуционерен и стилски, мислевме на Вас кога го дизајниравме. Со секое
користење, бидете сигурни дека секогаш ќе имате супер резултати.
Добродојовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за
сервисирање:
www.electrolux.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.electrolux.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.electrolux.com

Страница 3 Чат поддержки
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги доставените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат
повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен инвалидитет.
• Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8
години и постари и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или со недостаток на искуство и
знаење доколку ги надгледува лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
• Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот
кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се достапни
се жешки.
• Ако апаратот има безбедносен уред за деца, ви
препорачуваме да го активирате.
• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
• Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
• Готвењето на плотна со маст или масло без надзор може да
биде опасно и да доведе до пожар.
МАКЕДОНСКИ
3

Страница 4 Чат поддержки
• Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или
специјално противпожарно ќебе.
• Не чувајте предмети на површините за готвење.
• Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
• Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на површината за готвење
бидејќи може да станат жешки.
• Внимавајте кога ја допирате фиоката за складирање. Може
да се вжешти.
• Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете го
апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
• Секогаш внимавајте кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
• Не влечете го апаратот за рачката.
• Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
• Проверете дали апаратот е монтиран под и
во близина на безбедна структура.
• Страните на апаратот мора да останат во
близина на апаратите или до уредите со
иста висина.
• Не поставувајте го апаратот врз
платформа.
• Не го монтирајте апаратот во близина на
врата или под прозорец. На овој начин ќе
спречите некој жежок сад за готвење да
падне од апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
• Секое поврзување на струја треба да биде
направено од квалификуван електричар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за струјата од
плочката со спецификации одговараат на
напојувањето со електрична енергија. Ако
не, контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно инсталирана
приклучница, обезбедена од струјни удари.
• Не употребувајте повеќекратни приклучоци
и продолжени кабли.
• Внимавајте да не ги оштетите приклучокот
за струја и кабелот. Контактирајте со
сервисниот центар или со електричар за да
го смените оштетениот кабел.
• Не дозволувајте кабелот да дојде во допир
со вратата на апаратот, особено кога
вратата е жешка.
• Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови мора да
се поврзе на таков начин што нема да
може да се извади без алатки.
• Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
4
www.electrolux.com

Страница 5 Чат поддержки
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
• Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
• Не влечете го кабелот за напојување за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го штекерот за напојување.
• Користете само правилни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот), заземјување
и контактори.
• Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува да
го исклучите апаратот од приклучокот за
струја од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со ширина од
најмалку 3 mm.
2.2 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
• Користете го апаратот само во домашни
услови.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
• Погрижете се отворите за вентилација да
не се блокирани.
• Не оставајте го апаратот без надгледување
додека работи.
• Исклучете го апаратот по секоја употреба.
• Апаратот се загрева во внатрешноста при
работа. Не допирајте ги грејачите кои се во
апаратот. Секогаш користете ракавици за
печка за вадење или ставање прибор или
огноотпорни садови.
• Внимавајте кога ја отворате вратата на
апаратот додека тој работи. Може да
испушти жежок воздух.
• Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
• Не притискајте на отворена врата.
• Не управувајте со апаратот со надворешен
тајмер или со посебен систем за
далечинско управување.
• Секогаш држете ја вратата на апаратот
затворена кога апаратот работи.
• Не ставајте прибор за јадење или капаци
од тенџериња на ринглите. Тие може да
станат жешки.
• Исклучувајте ја ринглата на „off“ по секоја
употреба.
• Не употребувајте го апаратот како работна
површина или како простор за складирање.
• Ако површината на апаратот е испукана,
веднаш исклучете го апаратот од струјата.
Ова ќе спречи струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или експлозија.
• При загревање, маснотиите и маслото
може да испуштат запаливи пареи. Држете
го огнот или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога готвите со
нив.
• Пареата што ја испушта маслото кое што е
многу жешко може да предизвика спонтано
запалување.
• Искористеното масло, што може да содржи
остатоци од храна, може да предизвика
пожар на пониска температура од маслото
што се користи за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
• Кога ја отворате вратата, не дозволувајте
апаратот да дојде во контакт со искри или
отворен оган.
• Отворете ја вратата на апаратот
внимателно. Користењето на состојки со
алкохол може да предизвика мешање на
алкохол и воздух.
• Не обидувајте се да го изгасите огнот со
вода. Исклучете го апаратот и покријте го
огнот со капак или со ќебе за пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
• За да го заштитите емајлот од оштетување
или губење на бојата:
– не ставајте огноотпорни садови или
други предмети во апаратот директно на
дното.
– не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на апаратот.
– не ставајте вода директно во врелиот
апарат.
– не чувајте влажни чинии или храна во
апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
– бидете внимателни при отстранување
или поставување на приборот.
МАКЕДОНСКИ
5

Страница 6 Чат поддержки
• Обезбојувањето на емајлот нема ефект врз
работата на апаратот. Тоа не е дефект во
смисол на гаранцијата.
• Користете длабока тава за влажни колачи.
Овошните сокови предизвикуваат дамки
кои може да останат постојано.
• Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
• Не оставајте садовите за готвење да вријат
на суво.
• Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот. Може
да се оштети површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
• Приборот за готвење направен од лиено
железо, алуминиум или со оштетено дно
може да предизвика гребнатини на стакло-
керамиката. Секогаш кревајте ги овие
предмети кога треба да ги преместувате на
површината за готвење.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, пожар или
оштетување на апаратот.
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од
приклучницата.
• Проверете дали апаратот е ладен. Постои
опасност од кршење на стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените плочи на
вратата кога се оштетени. Контактирајте со
сервисот.
• Бидете внимателни кога ја вадите вратата
од апаратот. Вратата е тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
• Заостанатата мрснотија или храна во
апаратот може да предизвика пожар.
• Исчистете го апаратот со навлажнета мека
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица, растворувачи
или метални предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните инструкции
на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл (доколку
има) со никаков тип на детергент.
2.4 Внатрешно светло
• Типот на светилката или на халогената
лампа која се користи за овој апарат е само
за употреба во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
• Пред да ја замените светилката, исклучете
го апаратот од напојувањето.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
2.5 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
6
www.electrolux.com

2 распоред на површината за готвење, 3 додатоци Чат поддержки
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Генерален преглед
11
7
9
8
1
2
3
4
10
2 3 4
6
5
1
1
Копчиња за грејната плоча
2
Tемпературен показател
3
Копче за температура
4
Копче за потсетникот за време
5
Копче за функции на печката
6
Показател за контрола на плочата за
готвење
7
Греач
8
Светло во печката
9
Вентилатор и греач
10
Плочка со спецификации
11
Положби на решетките
3.2 Распоред на површината за готвење
180 mm
180 mm
140 mm
140 mm
6
5
1
3
2
4
1
Рингла 1200W
2
Отвор за испуштање пареа
3
Рингла 1800W
4
Рингла 1200W
5
Показател на преостаната топлина
6
Рингла 1800W
3.3 Додатоци
• Решетка на печката
За садови за готвење, калапи за торта,
тави за печење.
• Рамен плех за печење
За колачи и слатки.
• Фиока
Под внатрешност на печката се наоѓа
фиока.
4. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Погледнете го поглавјето
„Безбедносни информации“.
ВНИМАНИЕ
За да ја отворите вратата, секогаш
држете ја рачката во средина.
МАКЕДОНСКИ
7

1 поставка за јачина на топлината, 2 сијалица за преостаната топлина Чат поддержки
4.1 Првично чистење
• Извадете ги сите делови од апаратот.
• Исчистете го апаратот пред првата
употреба.
ВНИМАНИЕ
Не користете груби средства за
чистење! Така може да се оштети
површината. Видете во поглавјето
"Одржување и чистење".
4.2 Претходно загревање
1.
Поставете функција и максимална
температура.
2.
Оставете го апаратот да работи без
храна околу 1 час.
3.
Поставете функција и максимална
температура.
4.
Оставете го апаратот да работи без
храна околу 10 минути.
5.
Поставете функција и максимална
температура.
6.
Оставете го апаратот да работи без
храна околу 10 минути.
Тоа има за цел да изгорат остатоците од
храната во апаратот. Приборот може да стане
пожежок отколку обично. Кога го загревате
апаратот за прв пат, тој може да создаде
миризба и чад. Ова е нормална појава.
Погрижете се да има доволно проветрување.
5. ГРЕЈНА ПЛОЧА - СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Погледнете го поглавјето
„Безбедносни информации“.
5.1 Поставка за јачина на
топлината
Копче
Функција
0
Положба исклучено
1-9
Поставки за јачина на
топлината
(1 - најмала јачина на
топлината, 9 - најголема
јачина на топлината)
1.
Свртете го копчето на потребната
поставка за јачината на топлината.
2.
За да престанете со готвење, свртете го
копчето на позиција 0.
Користете ја заостанатата топлина за
да ја намалите потрошувачката на
енергија. Исклучете ја ринглата околу
5-10 минути пред да заврши
процесот на готвење.
5.2 Сијалица за преостаната
топлина
Сијалицата за преостаната топлина се пали
кога некоја рингла е жешка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради
преостаната топлина!
8
www.electrolux.com

3 примери на примени за готвење Чат поддержки
6. ГРЕЈНА ПЛОЧА - КОРИСНИ ПРЕДЛОЗИ И СОВЕТИ
6.1 Садови за готвење
• Дното на садовите за готвење
треба да е што е можно подебело
и порамно.
• Садовите направени од емајлиран
челик и со алуминиумски или
бакарни дна може да предизвикаат
промена на бојата на стакло-
керамичката површина.
6.2 Штедење енергија
• Ако е можно, секогаш ставајте
капаци на садовите за готвење.
• Ставајте ги садовите на ринглите
пред да ги вклучите.
• Исклучете ги ринглите пред крајот
на времето за готвење за да ја
искористите преостанатата
топлина.
• Дната на тавите и ринглите мора
да се со иста големина.
6.3 Примери на примени за готвење
Поста
вка за
јачина
на
топли
ната
Употребувајте ја за:
Време
(мин.)
Совети
1
Одржување на топлината на
зготвената храна.
колку
што е
неопхо
дно
Ставете капак на садовите за
готвење.
1 - 2
Холандски сос, топење: путер,
чоколада, желатин.
5 - 25
Мешајте од време на време.
1 - 2
Зацврстување: ровки омлети,
пржени јајца.
10 - 40
Ставете капак на садовите за
готвење.
2 - 3
Готвење ориз и рецепти со млеко,
подгревање готови јадења.
25 - 50
Додајте најмалку двапати
повеќе течност од количината
на оризот, мешајте ги јадењата
со млеко во одреден момент на
готвењето.
3 - 4
Зеленчук, риба, месо, готвени на
пареа.
20 - 45
Додадете неколку супени
лажици течност.
4 - 5
Барени компири.
20 - 60
Употребете макс. ¼ l вода за
750 g компир.
4 - 5
Готвење големи количества храна,
чорби и супи.
60 - 150 До 3 литри течност плус
состојките.
6 - 7
Нежно пржење: шницли, телешко,
кордон блу, котлети, ќофтиња,
колбаси, џигер, запршка, јајца,
палачинки, крофни.
колку
што е
неопхо
дно
Превртете го по половина
време.
МАКЕДОНСКИ
9

2 безбедносен термостат Чат поддержки
Поста
вка за
јачина
на
топли
ната
Употребувајте ја за:
Време
(мин.)
Совети
7 - 8
Силно пржење, компир на коцки,
каре, стекови.
5 - 15
Превртете го по половина
време.
9
Зовријте поголема количина на вода, згответе тестенини, пржено месо (гулаш,
тури-потпечи), помфрит.
Податоците во табелата се само препорака.
7. ГРЕЈНА ПЛОЧА - ГРИЖА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Погледнете го поглавјето
„Безбедносни информации“.
Опасност од изгореници поради
преостаната топлина!
Оставете го апаратот да се излади.
Исчистете го апаратот по секоја употреба.
Секогаш користете садови со чисто дно.
Гребаници или темни дамки на
стакло-керамичката површина
немаат влијание на работата на
апаратот.
За да ја отстраните нечистотијата:
1.
– Веднаш отстранете:растопена
пластика, пластична фолија и храна со
шеќер. Во спротивно нечистотијата
може да предизвика оштетување кај
апаратот. Употребувајте специјално
стругало за стакло . Ставете го
стругалото за стаклена површина под
прецизен агол и движете го сечивото
по површината .
– Отстранете откако апаратот е доволно
изладен: остатоци од бигор, прстени
од вода, дамки од мрснотија, сјајни
метални дамки. Употребувајте
специјално средство за чистење
стакло, керамика или нерѓосувачки
челик.
2.
Чистете го апаратот со влажна крпа и
малку детергент.
3.
На крајот на крајот исушете го апаратот
со чиста крпа.
8. РЕРНА - СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Погледнете го поглавјето
„Безбедносни информации“.
8.1 Вклучување и исклучување на
апаратот
1.
Завртете го контролното тркалце за
функциите на печката на саканата
функција.
2.
Завртете го тркалцето за контрола на
темпертурата на саканата температура.
Температурниот показател се вклучува
додека се зголемува температурата во
апаратот.
3.
За да ја исклучете печката, вклучете ги
контролното трклаце за функции на
печката и контролното тркалце на
термостатот на положба исклучено.
8.2 Безбедносен термостат
За да се спречи опасно прегревање (поради
неправилно користење на апаратот или
дефектни делови), печката е опремена со
безбедносен термостат што го прекинува
10 www.electrolux.com

Electrolux EKK 52500 OX tűzhely Márkabolt
ELECTROLUX EKC 513516 W tehnovygoda.ru.MOV
Плита Electrolux Electrolux EKC96450AX
Electrolux EKC 54502 OX tűzhely Márkabolt
Electrolux EKC 52500 OX tűzhely Márkabolt
Electrolux EKC 501503 X tűzhely Márkabolt
Electrolux EKC 511503 X tűzhely Márkabolt
Electrolux EKC52550OX tűzhely Márkabolt
Дополнение к инструкции к экспортному варианту пистолета ТТ:
— Не предназначен для игры в русскую рулетку.
Комментарии не найденыНе стесняйтесь поделиться с нами вашим ценным мнением.